ОЈО истражува: Без пасош ќе остане арачиновецот кој пукаше во својата сопруга

by Fokus

Основното јавно обвинителство отвори истрага против 68-годишен арачиновец кој чистејќи го својот пиштол истрелал кон својата сопруга и ѝ нанел тешка телесна повреда во главата, во пределот на увото.

Инцидентот се случил вчера, а го самиот го пријавил во полиција.

„Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 68-годишен жител на Арачиново, осомничен дека сторил кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ според член 396 став 1 од Кривичниот законик“се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

Обвинителството побарало и определување мерки на претпазливост за осомниченото лице, мерка за напуштање на живеалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице и привремено одземање на пасошот.

Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на јавниот обвинител.

Претходно, Министерството за внатрешни работи информираше дека осомничениот околу 13:40 часот во текот на вчерашниот ден сам се пријавил во полициска станица, каде бил приведен. Неговата сопруга била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Поврзани новости