Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во близина на с. Слупчане каде синоќа беше пронајдено возило кон кое биле истрелани повеќе куршуми.
На увидот беше констатирано дека од близина е пукано во патничкото моторно возило во кое се наоѓале две лица, возач и неговото осумгодишно дете. Двете лица биле смртно повредени и починале на лице место.
По насока на надлежен јавен обвинител, увидната екипа на Министерството за внатрешни работи ги обезбеди и подигна трагите од лице место и истите ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Пронајдени се и подигнати поголем број испукани чаури преку чие вештачење се очекува да се утврдат битни факти во предметот. Ќе биде извршено вештачење и на возилото на кое се видливи повеќе траги од напад со огнено оружје. Издадена е и Наредба за вршење обдукција на телата на починатите.
Основното јавно обвинителство Куманово во континуитет презема дејствија со цел целосно расчистување на настанот.