747
Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ-Вучкова на денешната прес конференција презентираше детали од случајот „Еразмус“ во кој се товарат неколку професори за примање поткуп. Освен мито, двајца од професорите најверојатно ќе бидат обвинети и за барање сексуални услуги, но според Обвинителството за ова дело постојат само сомненија.
-Сакам да истакнам дека полициската интервенција во универзитетскиот кампус во никој случај не претставува нарушување на автономијата на Универзитетот. Автономија на Универзитет не подразбира дека може да се вршат кривични дела, изјави обвинителката Раичевиќ-Вучкова.
Таа рече дека има желба да ги сподели сите докази што ги поседува, но дека тоа не може да го стори за да не ја наруши тајноста на постапката.