ОЈО Делчево проверува наводи за изборен поткуп

by Fokus

Основното јавно обвинителство Делчево постапува по примено известување дека на 29.10.2021, во штаб на политичка партија во Македонска Каменица, кандидат за советник дал 1000 денари на лице со избирачко право за да гласа за определена политичка партија.

Како што соопштија од Службата за односи со јавноста на Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, Јавен обвинител дал насоки и се преземаат дејствија за прибирање докази и податоци.

Поврзани новости