Основното јавно обвинителство соопшти дека е побаран притвор за 25 годишното момче кое синоќа во Струмичко обљубило 81 годишна старица. МВР претходно информира дека синоќа во 22.30 часот во Струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица.
-Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот го сторил делото на 13 септември, во раните утрински часови, кога влегол во домот на оштетена во селото во кое престојувал додека таа спиела и врз неа извршил полов напад, соопшти ОЈО.
Од ОЈО велат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка денеска достави предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи.