Основното јавно обвинителство отвори истрага против две лица за кривични дела, примање награда за противзаконито влијание по член 359 и за перење пари по член 273 од КЗ.
Обвинителството од 2 мај 2019 година против овие две лица водело предистражна постапка за дела кои биле сторени од ноември до април.
Во периодот од ноември до мај, првоосомничениот врз јавен обвинител влијалел за да се олесни положбата на едно лице во кривична постапка, второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, кажа Рускоска, биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него, но откако добиле 1,5 милиони евра, тие се посомневале во доверливоста на сведокот и престанале со средбите.
Кај првоосомничениот се пронајдени 1,5 милиони евра и против него се води постапка за „перење пари“, затоа што претходно примените средства, ги пуштил во оптек како легално стекнати пари и со нив платил одмор, облека што не одговарало на неговите приходи.
Обвинителството до судијата при кривичен суд достави и побара мерка притвор за овие две лица.
Според ОЈО во оваа постапка нема опфатено правно лице, нема комплетна финансиска истрага, за првоосомничениот нема најдено имот на негово име, за второосомничениот, се уште во тек е финансиска истрага.
ОЈО на новинарско прашање, поради заштита на пресумцијата на невиност не сакаше да потврди дали идентитетот на осомничените се совпаѓа со претходно приведените лица Бојан Јованоски- Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец.