488
Скопското обвинителство до Основниот кривичен суд поднесе предлози за парични казни за 30 лица кои за време на полицискиот час биле затекнати на различни локации во Скопје, а немале дозвола за движење.
За сите се бараат казни од по 2 000 евра.
Кривичното делото за кое тие се обвинети е непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.