Охриѓанка изгубила контрола над возилото и удрила во дрво

by fokus

37-годишната охриѓанка Т.Ш. се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над возилото со кое управувала и урдила во дрво, соопшти полицијата. Сударот се случил вчера во 07.45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид-Кичево

„Патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Ш.(37) од Охрид, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво. Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата Св.Еразмо, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид“, велат од МВР.

Поврзани новости