Сопственици на имоти во Лагадин, активисти и туристи утре во 12 часот на
спорниот хотел во населба Лагадин и во непосредна близина на
планираната локација за скандалозната Медитеранска плажа ќе го „чествуваат“ Илинден со „пригоден“ протест за одбрана на Лагадин и охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација.
-И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот хотел, протестот има за цел да го сврти вниманието на институциите и на јавноста кон сите обиди за
уништување на крајбрежјето, езерото и Националниот парк Галичица,
кои најчесто се прават под превезот на развој и унапредување на
туризмот.
Ги повикуваме сите оние кои не се согласуваат со урбаното,
еколошко, звучно и секакво друго насилие врз охридскиот регион, да
дојдат и заедно со нас, преку еден симболичен чин, гласно да ги
повикаат добрите духови на езерото и планината, во одбрана на
автентичното природно, културно и амбиентално богатство на Охрид и
крајбрежјето!
Во деновите кога се слави можеби најважниот ден за Македонија, како
организатори на овој настан сакаме да потсетиме на можеби најважното
и највредното обележје на земјата, еден од нејзините најзначајни
заштитни знаци, единственото место со УНЕСКО статус, нашето сè, се вели во повикот за протест.
Од Охрид ЅОЅ велат дека иако тие не се организатори на протестот, безрезервно го поддржуват самоорганизирањето на граѓаните за остварување на нивните права.