Општина Охрид упати јавен апел до сите посетители кои туристички ќе престојуваат во градот за време на продолжениот викенд, но и до охриѓани, да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид -19.
– Да се носат заштитни маски
– Да се одржува потребна дистанца
– Да се одржува лична хигиена според препораките
– Да се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања
– Да бидеме одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје- наведено е во апелот.
Сепак, на социјалните мрежи посветени на градот и на локалните портали, охриѓани гледаат на посетителите како на потенцијална можност за ширење на корона вирусот и коментираат дека се максимално загрижени, бидејќи очекуваат голем број на посетители за викендот.
Охриѓани во карантин, заради наплив на скопјани; Веќе стигнаа во Охрид и без маски шетаат по кејот; Требаше и Охрид во карантин да го стават, никој да не може да влезе ниту да излезе; Тешко нас- се само дел од коментарите кои ги објавуваат.
Голем број на апартмани веќе биле изнајмени, а на социјалните мрежи се објавуваат и огласи за изнајмување на соби и станови.
Вики Клинчарова