Охриѓани се истепале поради недоразбирање во сообраќајот

by Fokus

Вчера попладне двајца жители на Охрид се степале, поради недоразбирање за првенствено минување со автомобилите, велат од МВР.

„На 23.03.2019 година во 14 часот и 30 минути, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу С.Т.(40) и Б.Б(47), двајцата од Охрид, поради недоразбирање за отстапување на првенство на минување со автомобилите. Двајцата се повикани во СВР Охрид по што, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од МВР.

Поврзани новости