Охриѓани истепале полицајци откако им било посочено да намалат со гласна музика

by fokus

Синоќа, двајца охриѓани биле приведен поради физички напад на полициски службеници, кои им посочиле да намалат со гласната музика.

„На 29.08.2019 во 01.30 часот во СВР Охрид биле приведени И.А. и Д.М. поради  физички напад на полициски службеници. На 28.08.2019 во 23.30 часот од СВР Охрид било интервенирано во зграда на ул.,,Сатеска“ поради пријава за гласна музика, при што на сопственикот М.Д. му било посочено да ја намали музиката. Поради  интервенцијата, полициските службеници биле физички нападнати од И.А., Д.М. и К.Д. За настанот е известен и јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, велат од МВР.

Поврзани новости