58
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“.
Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи.
Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.
Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи.