Товарно моторно возило марка „мерцедес“ се судри со автомобил марка „фиат пунто“ синоќа по полноќ на патот Охрид-Кичево, при што 38-годишен охриѓанец починал, а пет лица се повредени.
Според полицијата повредените се сите од Охрид, а телото на починатиот е предадено на обдукција.
„На 21.10.2018 година во 01,25 часот било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на магистралниот пат Охрид-Кичево меѓу товарно моторно возило „Мерцедес“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“. На местото на настанот починал Д.Р.(38) од Охрид, кој го управувал патничкото моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблици. Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56)) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид, кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди, се здобил А.М.(31) од охридското село Лешани, кој го управувал товарното моторно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, предводена од Јавен обвинител“, велат од МВР.