421
Граѓанин вчера во 16.00 часот во Полициската станица Охрид пријавил дека непознато лице врши оштетување верски објект-гроб на ул. „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија.
Според полицијата, од извршениот увид било утврдено дека околу 15.50 часот непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал.
Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид, кој бил пронајден, лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.