436
Полицијата информира дека вчера околу 10.30 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот С.Ј. од Охрид.
Тој се сомничи дека на подрачјата на Гостивар, Кичево, Охрид и други места извршил повеќе кражби на велосипеди, кои потоа ги продавал во други места.
Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува соодветен поднесок.