253
На 09.10.2023 во 15.40 часот во атарот на охридското село Скребатно, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.Ќ.(46) од Охрид.
Тој бил затекнат при нелегален транспорт на 8,5 метри кубни нежигосано огревно дрво со товарно возило „ГМЕ“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на В.Ќ. од Охрид.
Товарното возило, огревното дрво и една моторна пила се одземени и предадени на Шумската полиција. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.