804
Невремето со силен ветер ја исфрли нечистотијата од Охридско Езеро на крајбрежјето. На социјалната мрежа Фејсбук беа објавени запрепастувачки фотографии од плажите близу Љубаништа и Св. Наум каде изминатите денови поради бурното време и ветерот брановите го исфрлија отпадот од езерото.
-Уште еднаш езерото покажува каква култура има околината во која се наоѓа. Се надеваме на што побрзо организирање на локалното население и чистење на брегот, пишува порталот ОхридИнфо.
Извор: ohridinfo.mk