Само две години по ослободувањето на државата од претходниот хибриден режим, земјата ги решила проблемите со соседите, има подобрување на регионалната соработка и сите економски индикатори покажуваат зголемување на трговската размена и на странските директни инвестиции, заклучиле учесниците на охридскиот дијалог кој денеска почна со панелот за следните чекори што ја очекуваат Македонија.
„Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството. Денес Северна Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ стандардите“, било истакнато на утринската сесија на која учествува и премиерот Зоран Заев, соопштија од владата.
Дел од Охридската група се поранешниот генерален секретар на НАТО Џорџ Робертсон, како и голем број поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да ѝ помагаат на земјава во остварување на нејзините евроатлански интеграции.