500
Полицијата во Охрид вчера попладнето го привела 23-годишниот битолчанец Б.А., кој е вториот осомничен напаѓач врз Кристијан Пендиков од Охрид.
Портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски, потврди дека вчера во 17 часот полициски службеници го лишиле од слобода Б.А., лице барано со централна потерница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик.
Според Димоски, Б.А. е задржан во полициска станица и ќе биде предаден на надлежното ОЈО.