771
Денеска е извршена промена во сопственичката структура на Охридка банка, стои во соопштението од банката, објавено од Македонска берза.
Имено, австриското друштво Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) стекна 472.839 акции, или 91,5 отсто гласачките права, при што најголем дел, односно 384.844 акции, ги откупи од француската групација Сосиете Женерал.
Инаку, деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ и идните планови на банката ќе бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември годинава.