Охрид, Струга и Поградец ќе се поврзат со редовна бродска линија низ Охридското Езеро во рамки на програмата за прекугранична сработка на Република Северна Македонија и Република Албанија 2014-2020 година, преку Инструментот за претпристапна помош ИПА 2.
Проектот „Охридско Езеро – премостување на две земји во една дестинација” го најави денеска Општина Струга, а целта, како што истакна градоначалникот Рамиз Мерко, е поврзување на двете земји преку Охридското Езеро, развој на туризмот и зачувување на културното наследство во пограничните градови.
– Граѓаните од двете земји и туристите, преку редовни бродски линии на два гранични премини ќе имаат можност да посетат неколку туристички дестинации, кои се темели на културното наследство во овие две прекуграничните области, истакна Мерко.
За реализација на проектот, нагласки, најпрво треба да се овозможи соодветна инфраструктура, а ќе се запази и еколошкиот аспект, односно предвидено е да се набават бродови што ќе работат на соларна енергија.
– Езерскиот транспорт, но и туризмот мора да имаат зелена перспектива и да се ориентираат кон алтернативните извори на енергија, оттука сметавме дека набавката на два брода, кои ќе работат на соларна енергија ќе даде директен придонес за подигање на јавната свест за зачувување на животната средина и промоција на туристичката понуда во овие области, рече Мерко.
Проектот, како што посочи Општина Струга, ќе биде поддржан од страна на Европката комисија со два милиони евра.