„Охрид СOС“: Градоначалникот Георгиески не ги разбира препораките на УНЕСКО

by Fokus

Фејсбук страната „Охрид СOС“ сподели статус каде нагласува дека градоначалникот на Охрид Константин Георгиески не ги разбира препораките на УНЕСКО, па оттука не разбира што е НЕлегално градење, нелегална урбанизација покрај крајбрежјето на езерото, ниту пак покажува искрена намера да се справи со нив.

-Денес почнува 43. Седница на Комитетот за светско наследство. Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески – официјална страна, спремен за Баку, неспремен да ги спроведе препораките на UNESCO!

Македонска делегација отпатува на 43. Седница на Комитетот за светско наследство за да издејствува политичка одлука на Комитетот и побара поправен испит. Но, дали има намера за поправка?

Од интервјуто со градоначалникот Георгиески, може да се заклучи следното:

1.Градоначалникот не разбира што значи НЕлегално градење. Имено, тој не го третира како криминал туку само како „тип на градба“. Исто така не прави ни разлика помеѓу објекти за кои е издаден налог за рушење и објекти кои се идентификувани како бесправно изградени.

  1. Градоначалникот не гледа никаков проблем во (нелегална) урбанизација во строго заштитениот крајбрежен појас.
  2. Градоначалникот наместо храброст и одлучност, покажува дека нема искрена намера да се справи со насилната и нелегалната урбанизација со што остава простор за истата несметано да продолжи.
  3. Ваквиот став е во директна колизија со препораките од Реактивната мисија на УНЕСКО за кои македонската влада се обидува да купи време во Баку за да ги исполни.

Нелегалната урбанизација не е од вчера, ама градоначалникот тукушто ни кажа дека сигурно ќе е и утре, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Поврзани новости