Охрид избра в.д. градоначалник: Да ги оствариме соништата на Стојаноски

by fokus

Со 15 гласа „за“ од вкупно присутни 23 советници, на денешната вонредна седница, за вршител должност градоначалник на општина Охрид е избран координаторот на советничката група на СДСМ, Константин Георгиевски, пренесува „Охридњуз

Тој на оваа функција ќе го замени Јован Стојаноски кој ненадејно почина на 15 декември на 48 годишна возраст. Георгиевски ќе ја извршува оваа функција се до изборот на нов градоначалник, кога најверојатно ќе се одржат избори.

„Не сум ни најмалку среќен, ниту задоволен што денес, на ваков начин и под вакви околности сум избран да ја вршам оваа функција. Од денес мојата обврска кон човекот кој прв ја вложи довербата во мене е уште поголема, а со тоа што и вие ја вложивте вашата доверба како советници, таа обврска станува мое животно мото во месеците кои следат. Ветувам дека ќе се вложам целосно и посветено и ќе дадам се од себе да ја исполнам таа обврска и вашата доверба. Искрено се надевам дека ќе ми помогнете со вашата поддршка, со совет и со критика кога ќе е потребно, заедно да продолжиме по патот кој ни го трасира нашиот градоначалник, да ги оствариме неговите соништа, да ги реализираме проектите за кои тој живееше и да го одржиме ветениот збор даден пред граѓаните на Охрид“, изјави Георгиевски.

Фото – Охридњуз

Поврзани новости