Охрид Фест бара нови музички таленти

by fokus

Интернационалниот музички фестивал Охрид Фест -Охридски Трубадури, годинава ќе има јубилејно издание и ќе се одржи на први и втори септември во Долни Сарај, Охрид.

По повод 30 години од постоењето, фестивалот веќе го распиша конкурсот, а од организацијата информираат дека даваат голема поддршка на дебитантите и ги охрабруваат да се пријават, бидејќи на сцената има недостиг на млади пејачи.

Потсетуваат дека на сцената на Охрид Фест и легендарниот Тоше Проески ја започна својата кариера, кога настапи со песната ,,Усни на усни”.|

Вечерта на први септември ќе настапат фолк изведувачите, со новокомпонирани песни, а пак на втори ќе се одржи Интеранционалната вечер.
Можат да учествуваат и изведувачи од странство. Настанот ќе го следат повеќе од 15 телевизии.

На годишниот конкурс на Министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес, Охрид Фест доби 408.000 денари за јубилејниот настан. Првиот човек на фестивалот пак, композиторот Григор Копров доби 204.000 денари за јубилеен концерт со неговото творештво.

Вики Клинчарова

Поврзани новости