747
Директните напади во комбинација со уништувањето на мостот го забавиле напредувањето на огромниот руски воен конвој, лоциран на околу 24 километри северно од Киев, тврди висок претставник на американското Министерство за одбрана.
– Сметаме дека украинското кревање на мостот во воздух имаше значително влијание за запирање, односно забавување на движењето на тој конвој. Веруваме и дека Украинците директно го погодиле конвојот, рече тој.
Сепак, Американците сметаат дека силите кои го сочинуваат конвојот се прегрупираат, учат од грешките и дека ќе продолжат со обидот за напад на главниот град на Украина.