Огромна риба е извадена од езерцето во скопскиот Градски парк

by Fokus

Огромна риба од видот „толстолобик“ денеска е извлечена од езерцето во градскиот парк во Скопје.

Вработените во ЈП „Комунална хигиена“, кои неколку дена го чистат езерцето, објавија фотографии со рибата на Фејсбук. По документирање на случајот тие рибата ја ставија во кајак наполнет со вода, а според коментарите на социјалната мрежа рибата тежела околу 15 килограми.

Овој тип риби,според познавачите, ги има во Охридско Езеро, во Крушевско Езеро, но и во други акумулации.

 

Поврзани новости