Огромна материјална штета при излизгување на вагоните кај Куманово

by fokus

Причинета е голема материјална штета при излизгувањето на вагоните од товарниот воз кој сообраќал на релација Скопје – Куманово, информира „Македонски железници – Инфраструктура“.

– Според комисијата која е на терен од утринските часови, направена е голема материјална штета на инфраструктурните постројки, пругата, колосеците, електричните столбови , сигнализација, контактна мрежа и оптички кабел. Висината на вкупната штета од овој немил настан, според  Комисијата која води истрага за утврдување на причините за несреќата, ќе се знаат по завршување на истрагата, велат од МЖ-Инфраструктура.

Од претпријатието ги демантираат информациите дека железничкиот сообраќај во овој дел на пругата ќе биде во прекин 10 дена.

– Екипите на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија се мобилизирани и работат вагоните да се тргнат од пруга, и од моментот кога истите ќе бидат тргнати од пруга, за 24 часа ќе ја ставиме во функција оваа железничка линија, се наведува во соопштението.

Вагоните од товарниот воз се излизгаа утринава оолу два часот. Во несреќата нема повредени лица.

Поврзани новости