860
Грчки рибар ја забележал најбрзата ајкула на светот на брегот на Закинтос.
„Првата ајкула што некогаш сум ја видел во нашите води“, рекол шокираниот грчки рибар Јанис Геладас откако ја видел огромната ајкула.
Геладас пловел во Јонското Море кога поминал покрај она што подоцна се покажало дека е најбрзата ајкула на светот – мако со кратка перка. Овој вид е забележан во Медитеранот по цели десет години.
Како што пренесува „Гардијан“, рибарот за локалното радио ЕРТ Закинтос изјавил дека „воопшто не била агресивна“, туку пливала покрај чамецот „мирно како делфин“.
Макото со кратки перки може да порасне до четири метри во должина и да тежи околу 570 килограми – а брзината што ја достигнува оди и до 100 километри на час.