67
Во пожар во мала станбена зграда во Ханој, Виетнам рано утринава загинаа најмалку 14 лица, а најмалку тројца се повредени, соопштија локалните власти.
Пожарот избувнал нешто по полноќ во петкатница во која биле сместени станови за изнајмување и продавница за електрични велосипеди, а еден час подоцна бил ставен под контрола, јавува агенцијата ВНА.
Пожарникарите успеале да спасат седум лица, соопшти Министерството за јавна безбедност, а пренесува Ројтерс.
Според првите резултати од истрагата, причина за пожарот бил краток спој на електричните велосипеди.