Две непознати лица извршиле разбојништво над 52-годишен скопјанец, кој требало да изврши достава во пошта. По кражбата, тие го запалиле и возилото со кое се превезувале, информира МВР.
„На 01.02.2019 година во 07,05 часот во СВР-Скопје било пријавено дека пред поштата во село Волково две непознати лица извршиле разбојништво врз З.Ц.(52) од Скопје, кој требало да изврши достава во пошта. Сторителите со закана со оружје од З.Ц. одзеле четири торби во кои, според пријавеното, имало само чекови за пензија. Пари не се одземени. Подоцна, околу 07.45 часот било пријавено дека во хала сопственост на Р.Ѓ.(46) на магистралниот пат Скопје-Блаце било оставено и опожарено возило „Опел корса“, за кое по преземени мерки било утврдено дека било користено во разбојништвото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.