417
10-годишно дете вчера било ограбено на „Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје.
МВР соопшти дека вчера во 19.10 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Г.М. (45) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.40 часот на улица „Кеј 13-ти Ноември“ две непознати лица извршиле разбојништво во обид врз неговиот десетгодишен син.
Додека детето се движело лицата му се доближиле и му се заканиле да ја соблече маицата, по што еден од нив извадил нож. Детето се исплашило и почнал да бара помош, а лицата побегнале во непознат правец, додава МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.