442
Во секторот за внатрешни работи во Скопје пристигнала идентична пријава од пет лица. Петмина граѓаните, велат од полицијата, пријавиле дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на Шпаркасе банка во Скопје.
Од МВР информираат дека веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.