Ограбени германски тинејџери во Струмица

by fokus

Тројца малолетници од Струмица заработија кривична пријава, поради физички напад и ограбување на двајца тинејџери од Германија, пренесува МВР.

„СВР Струмица поднесе кривична пријава против тројца малолетници, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”. На 01.04.2018 година околу 16.45 часот на крстосница од булевар „Гоце Делчев” и улица „Младинска“ во Струмица, пријавените физички нападнале двајца малолетници од Сојузна Република Германија, при што им одзеле пари“, додаваат од МВР.

Поврзани новости