665
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел вчера била жртва на крадци додека купувала во продавница во Берлин.
Украден и бил новчаникот додека со неа било личното обезбедување. Новчаникот бил во торба којашто била закачена за количката за купување, јавува Билд.
Берлинската полиција потврди дека инцидентот се случил во четврток околу 11.40 часот, а Меркел не повикала полиција од продавницата, туку отишла во најблиската полициска станица и ја пријавила кражбата.
Меркел замина во политичка пензија во декември минатата година.