373
Во текот на вчерашниот ден во Струмица била ограбена адвокатска канцеларија, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера било пријавено дека на 20/21.01.2018 година во Струмица на ул.„Ленинова“ во адвокатска канцеларија на Ж.Л.(57), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно ја отворил влезната метална врата, влегол внатре и одзел околу 70.000 денари, 20.000 евра, еден рачен машки часовник, пиштол марка „ЦЗ“ калибар 9мм и црна ташна во која имало 3.000 евра, 5.000 денари, златен и сребрен накит по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.