91
Приведени двајца кумановци, кои се сомничат дека ограбиле таксист кој ги превезувал до село Черкези.
На 24.12.2023 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.А.(25) и Б.Ј.(26), двајцата од село Черкези, кумановско. Тие се сомничат дека од И.Ѓ., такси возач кој ги превезувал до село Черкези, одзеле пари.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.