592
Музејот „Штази“ на злогласната политичка полиција на некогашната Источна Германија во Берлин, е ограбен минатата ноќ. Ограбувачите влегле низ прозорец, скршиле неколку витрини и одзеле медали и накит, се вели во соопштението на полицијата, а потоа избегале со пленот без да бидат спречени од некого.
Не се знае точно кога се случил грабежот, но вработен во музејот утрово пронашол искршени витрини во изложбената сала.
Кражбата се случува неколку дена по грабежот во музејот познат како ,,Зелена ризница” во Дрезден, исто така во поранешна Источна Германија, каде крадците во понеделникот однеле бесценет накит.
Најавена е награда од 500.000 евра за какви било информации за грабежот во Дрезден.