Ограбен конакот во комплескот Св. Илија во Долно Јеловце

by fokus

Непознати сторители извршиле тешка кражба во манастирскиот комплекс „Свети Илија“ во гостиварско Долно Јеловце.

Од СВР Тетово информираат дека кражбата се случила минатата седмица, а била пријавена вчера.

Крадците, откако насилно ја отвориле влезната врата од угостителскиот објект „Конак“ што е дел од комплексот, одзеле телевизор, угостителска опрема и други предмети.

Од кутијата за доброволни прилози од верниците, поставена во непосредна близина одземени се и парични средства.

Извршен е увид и се работи на откривање на сторителите.

Поврзани новости