478
„Огнената група на ДУИ“ реагираше за министерските промени во власта.
Саранда Имери, секретарка за родова еднаквост, посочи дека одлуката за менување на заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани од Гостивар, чие место ќе го зазеде кадар на Алијанса, носи опасност за активистите на ДУИ во Гостивар.
„Зарем гласачите гласаа за ДУИ потоа да ги разрешува кадрите од Гостивар, кои и онака ги нема многу на централно ниво“, праша Имери.
Хасани е дел од „Огнената група“. За разлика од него, кој е разрешен, неговиот сопартиец Насер Нуредини даде оставка од министерската позиција во животна средина, кој ќе му припадне на СДСМ.