ДУИ денеска преку соопштение изрази длабоко жалење што од раководството „сами се отстраниле пет члена“, мислејќи на членовите на фракцијата на „Огнените“.
-Централното претседателство на ДУИ одржа седница на која ги анализираше и дискутираше за околностите и случувањата во државата и во партијата. Беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои, забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија и неопходноста од исполнување на обврските како држава. преку уставни измени кои ќе овозможат да се обезбеди европска иднина на нашата земја. Централното претседателство на ДУИ изразува и длабоко жалење за одлуката на петмина членови на претседателството да се повлечат од централното претседателство, се вели во соопштението.
Водачот на „Огнените“, Изет Меџити вчера во интервју за весникот Лајм рече дека деновиве тајно се одржа состанок на централното претседателство на партијата каде од 33 члена, далеку од медиумите, без кворум, учествувале 7 членови на централното претседателство и 2 члена на Генералниот совет
-Додека нир нр бевме поканети, ниту г. Беџети, ниту јас, ниту Саранда, ниту Невзат Бејта, ниту Муса Џафери, ниту Висар Ганиу. На средбата дебатирале и размислувале што ќе прават со “Огнената група”, дали ќе не избркаат, претседателот барал мислење од присутните, а за волја на вистината мал број се спротивставиле на оваа идеја поради нашата тежина на теренот, заради гласовите, заради анкетите, но казино лобито предводено од г. Груби, кој за жал по се изгледа станал и повлијателен од г. Ахмети и ја води ДУИ кон анархија, биле децидни да не избркаат, и добро е што не е време на монизмот, па да можат и да не стрелаат.
Со други зборови, побараа отстранување, исклучување, протерување по секоја цена. Во ДУИ веќе нема дебата, туку овој клан ДУИ од партија на војната ја претвори во партија на казината, рече Меџити.