„Огнената група“ на ДУИ објави листа од разрешените функционери на оваа партија, за што го обвини вицепремиерот Артан Груби. Нивната листа доаѓа во пресрет на денешната седница на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на која се очекува да се расправа за „Фронтот за Европа“, т.н „Огнена група“.
Според „огнените“ Груби ги разрешува сите што мислат поинаку.
„Преку ноќ во монистичкиот систем беа разрешени „неподобните“. Разликата е во тоа што овие разрешувања, иницирани од гневот на Артан Груби, беа предупредувани од неговите мегафони, клеветнички портали, корумпирани со парите на граѓаните кои никогаш не гласале за Груби.
Заменик министерот за одбрана, Башким Хасани, кадар-модел на ДУИ кој донесе низа победи на Гостивар, после поразите на кампањата на СРМН на Артан Груби. Овој човек е разрешен без никаква забелешка за неговото работење.
Ресми Ејупи, Аднан Ејуп, многу директори на клиники, како Алајдин Мемеди, Бесим Кока, Азиз Максути, Ќамил Ковачи, потоа Фикри Алити, Миѓен Селмани, Нехат Нухиу, Ајрула Мустафа и други, беа разрешени само затоа што мислеа поинаку, без никаква причина или евентуален пропуст во нивните должности.
Сите имаа една цел, демократизација на ДУИ и создавање амбиент за соочување на идеите, а не создавање поделеност меѓу сопартијците, како што направи Груби, за да ја спаси својата незаслужена фотеља.
Овие луѓе што ги гледате на фотографијата никогаш не кажале лош збор за Али Ахмети. Сите разрешени, а и оние кои не може Артан Груби да ги разреши, предупредија дека овој човек има за цел да ја уништи ДУИ одвнатре, работи за своите луди амбиции, на штета на сите процеси кон албанската заедница во Македонија и во регионот.
Артан Груби ги избрка овие на фотографијата, но каде ќе оди Артан Груби кога албанскиот гласач него ќе го разреши?“, прашуваат од ДУИ.