472
„Oгнената група“ од ДУИ, предводена од пратеникот Изет Меџити, денеска одржа прес-конференција на која ги критикуваа првиот заменик премиер Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Како што истакна Меџити, Груби и Османи имаат најслаби резултати во својата работа.
„Донесувањето одлуки стана ексклузивна привилегија за Артан Груби. Тоа предизвика поделби во партиските тела. Треба во владиниот тим и во ДУИ да има нови лица. На две седници на претседателството аргументиравме зошто луѓето потфрлуваат и дека треба да си одат. Се што се однесува за стратешките договори со ЕУ, Бугарија или добар закон во Собрание, јас ќе го гласам, а она што не е добро нема да го гласам“, изјави Меџити.