Во општините Дебар и Центар Жупа се воведува ограничување на движењето, откако беа регистрирани уште четири нови случаи на коронавирус.
Владата, пак на владина седница соопшти дека на тие што не ги почитуваат препораките за спречување на ширење на болеста им се заканува казна затвор.
-Владата на Република Северна Македонија на својата 17-та седница покрај усвоените заклучоци, мерки и препораки во функција на преземање дополнителни активности за превенција од ширење на корона вирусот (COVID -19 ) го усвои и следниот заклучок:
Да се спроведуваат препораки за казнивост согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик за сите физички и правни лица кои ги прекршуваат донесените решенија од страна на Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, и да се процесуираат до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија за да постапи согласно законски утврдени надлежности“, се наведува во соопштението на владата.