Официјално, што најмногу слушале Македонците во 2018 година: Лозано лидер, Арнаудов, Пупиноски и Петрески – евергрини

by fokus

Здружението за заштита на авторски музички права, ЗАМП, ја објави листата со песни кои најмногу се слушале во земјава во 2018 година.

Листата е составена од најкористени домашни и странски дела, а помеѓу првите десет нумери, нема ниту една странска песна.

Лидер во слушаност е Влатко Лозаноски – Лозано, со дури три песни помеѓу првите десет, но тука се фолк музичарите, легендарниот Гоце Арнаудов, Наум Петрески, Ефто Пупиноски…

-Согласно чл. 158 став 1 т.8 од Законот за авторското право и сродните права
(Сл.весник на РМ бр.115/10; 140/10; 51/11,147/13,154/15 и 27/16) , ЗАМП ги oбјавува десетте најкористени домашни авторски дела во 2018 година и тоа :

1. Лозано – Километри
2. Лозано – Мандарина
3. Владо Јаневски – Главен град на тагата
4. Лозано – Јако, јако
5. Ефто Пупиноски – Туѓа си бескрајно
6. Тара – Луд сум по тебе
7. Антонија Гиговска – Слаба страна
8. Наум Петрески – Оди ѕвездо
10. Александра и Наташа – Еуфорија – информираат од ЗАМП.

Вики Клинчарова

Поврзани новости