Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-109, Куманово-26, Дебар-1, Штип-15, Тетово-12, Струга-1, Велес-1, Битола-1, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-2, Валандово-1, Свети Николе-1, Неготино-1.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти, во: Скопје-6, Прилеп-1, Велес-4. Починати се две лица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009. Вчера по завршување на епидемиолошките анкети утврдено е дека еден од позитивните тестови од Скопје е контролен тест. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 нови пациенти, од нив 5 се префрлени од ГОБ „8 септември“. Во моментов се хоспитализирани вкупно 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 27 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 9 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 29 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.