594
Откако Кривичниот суд даде согласност за да се распише меѓународна потерница, попладнево на веб страницата на Министерството за внатрешни работи, националната потерница е сменета со меѓународна потерница и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се бара и надвор од границите на земјава.
На Мијалков институциите му ја изгубија трагата синоќа откако не го најдоа за да му го врачат решението за куќен притвор што го донесе Судот како обвинет во случајот за масовното прислушување.
Се трага по Мијалков, кој избега неколку дена пред да му биде изречена пресудата за „Таргет-Тврдина.