1.3K
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница во „Куќа на фудбалот“ донесе одлука за назначување на Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација.
Сеу ште актуелниот предводник на репрезентацијата до 21 година ќе ја преземе селекторската функција во А репрезентацијата од 1. август 2021 година.
На седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука за назначување на Драган Канатларовски за селектор на македонската репрезентација до 21 година.
Милевски доаѓа на местото на Игор Ангеловски, кој направи неверојатен успех со нашата селекција – пласирајќи се на Европско првенство.
Фото – ФФМ ТВ