Согласно објавените првични официјални податоци ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во вториот круг од Локалните избори освоија градоначалнички места во 20 општини и тоа во Битола, Брвеница, Василево, Вевчани, Гевгелија, Демир Хисар, Зелениково, Конче, Кочани, Кратово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Пехчево, Охрид, Ранковце, Ресен, Чешиново-Облешево и Радовиш.
Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ освои градоначалнички места во седум општини – Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка, Чучер Сандево и Центар. Седум градоначалнички места во вториот круг освои и ДУИ и тоа во Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Струга, Теарце и Чаир.
Алијасна за Албанците и Алтернатива има градоначалници во Врапчиште и Гостивар, а БЕСА во Желино и Тетово. ГРОМ има нов градоначалник во Карпош, ДПА во Студеничани, а коалицијата на ЛДП и ДОМ освои градоначалничко место во Шуто Оризари. Независни кандидати победија во Дебрца, Куманово и Скопје. Во првиот круг од гласањето, од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници беа избрани во: Аеродром – Тимчо Муцунски, Босилово – Ристо Манчев, Бутел – Дарко Костовски, Велес – Марко Колев, Виница – Миле Петков, Гази Баба – Бобан Стефковски, Ѓорче Петров – Александар Стојковски, Градско – Киро Нацков, Зрновци – Борчо Коцев, Илинден – Александар Ѓоргиевски, Јегуновце – Димитар Костадиновски, Кавадарци – Митко Јанчев, Карбинци – Виктор Паунов, Могила – Драганчо Сабатковски, Неготино – Горан Стојанов, Новаци – Стевче Стевановски, Петровец – Борче Митевски, Прилеп – Борче Јовчевски, Свети Николе – Дејан Владев, Сопиште – Стевче Трпковски, Штип – Иван Јорданов.
Од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ избрани градоначалници има во општините Берово – Звонко Пекевски, Богданци – Блаже Шапов, Валандово – Перо Костадинов, Делчево – Горан Трајковски, Дојран – Анго Ангов, Крива Паланка – Сашко Митовски, Кривогаштани – Николче Мицковски, Крушево – Томе Христоски, Струмица – Констадин Костадинов, во Липково и Сарај во првиот круг има избрано двајца градоначалници од ДУИ, тоа се Еркан Арифи, односно Блерим Беџети.