178
Смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври минатата година го врати Израел на нула, изјави денеска висок функционер на палестинската исламистичка организација Калед Машал.
„Операцијата „Поплава Ал-Акса“ ја врати окупацијата на нула и го загрозува нејзиното постоење“, изјави Машал, поранешен лидер на Хамас, за катарската телевизија Ал Арабија, користејќи го името на нападот пред точно една година.
Во нападот на 7 октомври 2023 година, околу 1.200 луѓе беа убиени, а повеќе од 250 беа киднапирани и однесени во Газа, каде околу 100 сè уште се држат, но се верува дека некои се мртви.
Околу 42.000 луѓе загинаа во израелската одмаздничка офанзива во палестинската енклава, главно жени и деца.